Skip to main content

Teшко повредено девојче прегазено во Скопско Поле

Вчера околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Скопско Поле, скопско, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(60) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести