
Вчера околу 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Панче Попоски“, патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(46) од Гостивар, удрило во пешакот А.В.И.(42) од с.Форино, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В.И., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.