
На 07.10.2025 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Гостивар и велосипед управуван од И.З.(84) од Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.