Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа во Италија, загина 60-годишен Македонец кај Равена

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 60-годишен маж од Македонија, кој живеел во Луго.

Во судирот повреден е и друг возач.

Несреќата се случила кога два камиона што се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот – се судриле директно, нанесувајќи тешки последици.

Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја, објавуваат италијанските медиуми.

Поврзани вести