Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани, загина 33-годишен маж, четворица се повредени

Маж од Љуботен на возраст од 33 години вчера загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 9 часот на експресниот пат Штоп-Кочани.

На 07.10.2025 година во 9.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од село Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани“, соопшти полицијата.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Б.Д.(33) од Љуботен, скопско, Д.З.(36) од Трубарево и И.М.(21) од Трубарево. Сите биле сопатници во возилото „рено“.

По укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, а останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал. Кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид изврши екипа од СВР Штип-ОВР Кочани“, соопшти полицијата.

Поврзани вести