Skip to main content

Телефонот го добил во кутија со колачи, услугата чинела 250 евра платени однадвор

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за Канал 5 откри како стигнал мобилниот телефон до рацете на 20-годишниот Васил Јованов, лице кое ја усмрти 22-годишната Фросина Куларова на Партизанска.

Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната ќелија носи кутија со колачи во собава каде што се наоѓа Васил Јованов. За тоа е направено плаќање од 250 евра надвор на братов на лицето кое што му го обезбедило телефонот. Тие телефони се одземени, вели Пандов.

Пандов додава дека против лицето е поднесена преставка и истото ќе биде суспендирано.

Во моментов е еден, меѓутоа не е еден, јас сум сигурен дека повеќе се вклучени во овој синџир, додава Пандов.

Поврзани вести