Skip to main content

Активни два пожари, четири се под контрола, а 25 изгаснати

ДЗС

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои да се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Белица и месноста Кајорец каде што гори нискостеблеста и мешана шума и во Општина Чучер-Сандево кај селото Брест и месноста Рамно каде што е зафатена мешана шума.

Под контрола се пожарите кај село Бенче во Општина Македонсски Брод, кај кичевското село Тајмиште, на градската депонија во Делчево и кај село Копаница во Општина Сарај.

Поврзани вести