Skip to main content

ЦУК: Активни се три пожари во Македонија

ЦУК

Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи.

Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина Чашка – над селото Нежилово.

Под контрола се пожарите кај кумановското село Тајмиште, во општина Макеоднски Брод помеѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево.с

Поврзани вести