Skip to main content

ЦУК: Активни се четири пожари попладнево

ЦУК

Четири пожари се активни попладнево, седум се под контрола а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојбата со пожарите до 13 часот.

Активни се пожарите во Општина Сарај: с. Копаница и с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Штип: помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација); Општина Струга: с. Пискупштина, с. Луково и с. Буринец (шума) и Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација).

По контрола се пожарите во:
Општина Македонски Брод: селата Битово, Заград и Страјане (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
Општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума);
Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
Општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија);
Општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума).

Изгаснат е пожарот во село Бузалково, велешко, каде горело стрниште.

Поврзани вести