Skip to main content

Koj сака да работи има работа: НБА кошаркар работи и како фоторепортер

Кошаркарот на Њујорк Никс, Лендри Шамет има интересен начин да го мине периодот од летната пауза и за време на тенискиот турнир УС опен работи како фоторепортер и тоа без надоместок. Како што пренесува „Њујорк пост“ Шамет во вторникот бил забележан меѓу акредитираните фоторепортери на мечот Бен Шелдон и Карлос Алкараз (четвртфинале).

Кошаркарот оваа година со својата екипа Њујорк ја освои титулата во НБА лигата, а со фотографирање започнал да се занимава пред пет години и ова хоби му стана сериозна страст. Шамет оваа работа ја извршувал и на последните две години на УС опен со тениската федерација на САД и тоа без финансиски надомест.

Играчот на Њујорк има договор вреден со свој тим во висина од 24 милиони долари