Skip to main content

Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.

Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Кулаков додаде дека  во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот.

Дали е тоа сообраќај, економија, не знам.. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството. Тој таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби со награди, и му оставаш од таа неказнивост наместо да е во притвор заради таквиот пристап он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе, рече тој.

Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која пред три години загина исто така на ул.,,Партизанска” во Скопје, даде поддршка на фамилијата Кулакови кои дојдоа на плоштадот по погребот, меѓу луѓето што дојдоа да и оддадат почит на Фросина.  

Поврзани вести