Синот на поранешен висок функционер на ДУИ во МВР и во други институции, од Турција на криминалните банди им ја дојавил акцијата што МВР планирало да ја почне во вторник, објави „Плусинфо“.
Поради тоа, полициската акција против мафијашките кланови почна во неделата во доцните попладневни часови.
Иако започната пред планираното време, акцијата е успешна. Се апселе членови на кланови во Дуќанџик и во Арачиново.
Плусинфо дознава дека во моментов 7 лица се зад решетки. Пронајдени се извесни количества кеш и оружје, но се трага по арсенал скриено оружје.
Со акцијата се расветлуваат неколку познати убиства меѓу клановите. За 4 убиства веќе се добиени клучните информации.
Акцијата на МВР за разбивање на мафијашките кланови предизвикала паника во редовите на ДУИ.