
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ. Х. (49) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“, соопшти денеска МВР.
Пријавениот на 30.06.2026 во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар ја оштетил влезната порта со возило, удрил во паркирано возило и оштетил прозорец од куќата, а потоа физички ја нападнал неговата сопруга, се вели во соопштението.

Македонски



