Skip to main content

Со лажен билет и пасош сакала да лета за Истанбул

Вчера во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција.

Како што соопшти МВР, при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа.

Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.