
На 16.07.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во мај 2025 година преку социјална мрежа комуницирала со машко лице и се договориле да склучат брак.
Според пријавеното, лицето и побарало пари за да можат да се сретнат во Охрид, по што таа во три наврати преку брз трансфер на пари му пуштила вкупно 6.700 евра, а подигнала и 3.000 евра кредит од банка. Како што е пријавено, откако не се сретнале, таа сфатила дека била измамена, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.