Skip to main content

Скопјанец уапсен откако ги нападнал својата девојка и синот

Freepik

Синоќа по полноќ скопската полиција го привела 39-годишниот В.Т. од Скопје по пријава дека претходно ги нападнал својата 36-годишна партнерка и нивниот малолетен син.

Денеска (09.06.2025) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Т.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата 36-годишна партнерка и нивниот малолетен син“, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести