Skip to main content

Скопјанец осомничен за обид за убиство на сопствениот брат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши обид за убиство на сопствениот брат.

Toj се сомничи за кривично дело „убиство“ предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Како што информира Обвинителство, на 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани вести