Skip to main content

Седумнаесетгодишник нападнат од повеќе тинејџери во Аеродром, во околината на Транспортниот центар

Седумнаесетгодишен тинејџер бил нападнат од неколку машки лица, синоќа, во околината на Транспортниот центар, на подрачјето на општина Аеродром.

Случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето.

Според информациите од МВР, момчето се познавало со едниот од напаѓачите, кој и претходно му упатувал закани.

За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести