
Избувнал пожар во стан на четвртиот кат од зграда во скопската населба Мичурин.
Според првичните информации, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен со неколку возила и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Очевидци потврдуваат дека огнот е целосно ставен под контрола и дека, за среќа, нема повредени. Меѓутоа, пожарот предизвикал значителна материјална штета во станот каде што избувнал.
Засега не се познати причините за избувнувањето на огнот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.