
Мојата порака е јасна – вие ни припаѓате нам, на масата во Европската Унија. Македонија навистина постигна успех со планот за раст и тоа е благодарение на вашиот личен ангажман, на вашата лична подготвеност и ви благодарам за тоа. Веќе добивте 140 милиони евра, а ќе следуваат и дополнителни исплати во претстојните недели, а напредокот е навистина импресивен, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.
Таа истакна дека Македонија повторно покажа дека може да носи храбри одлуки за својата иднина, како што посочи, Преспанскиот договор бил момент на вистинска политичка храброст со две земји коишто избрале да свртат нова страница и да го пишуваат новото поглавје од историјата заедно – „ја отвори вратата кон членството во НАТО и денес Македонија е навистина ценет сојузник, слично и во Европската Унија ние ја градиме нашата безбедност заедно“.
Вие бевте првата земја во регионот која што го потпиша партнерството за одбрана и безбедност, како и да ги искористи инструментите за европска безбедност. Вие сте дел од коалицијата на подготвените, бидејќи кога европска нација и пријател беше нападната, Македонија се исправи и вие помагате на нашата Унија и ние сме навистина мошне благодарни за тоа. Ова е Македонија која што ние ја знаеме, земја која што стои на зборот, земја која што припаѓа на масата во Европската Унија и мојата порака е ова. Јасно вие ни припаѓате нам – порача Фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК потсети дека со многу труд, со посветеност, пристапните преговори почнаа во 2022, и дека скрининг процесот беше завршен за помалку од една година.
И сега има само еден клучен чекор којшто треба да го направите за да можете да се придвижите напред и да го отворите првиот кластер основи. Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние ќе и посакаме добредојде на Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик може да ја направат нашата унија побогата. Затоа што нашето мото е – различност и обединетост – и ние сме мошне сериозни по тоа прашање – рече Фон дер Лајен.
Таа говореше и за постигнатото на земјава во однос на реформите за Планот за раст, посочувајќи дека е направен импресивен напредок усвојувајќи клучни реформи потребни за компаниите да можат да работат на нашиот единствен пазар и така, посочи, вашата економија може постепено да се спои со единствениот пазар на Европската Унија.
Македонија навистина постигна успех со планот за раст и тоа е благодарение на вашиот личен ангажман, на вашата лична подготвеност и ви благодарам за тоа. Веќе добивте 140 милиони евра, а ќе следуваат и дополнителни исплати во претстојните недели, а напредокот е навистина импресивен. Да ви дадам добри примери за придобивките, на пример се приклучивте кон СЕПА. Тоа е за трансакциите кои што се вршат, надоместите за тие трансакции се намалени со некои со голем процент. Веќе ги веќе дискутираме и за надоместоците за роаминг затоа што мошне е добро кога луѓето можат да комуницираат, а притоа нема дополнителни надомести – рече претседателката на ЕК.
За новиот центар Везилка, посочи дека ова е одличен пример за интеграцијата и тоа е во сржта на нашата визија за проширувањето.
И Македонија ќе се приклучи кон кон новиот центар, се надевам дека добро ќе го кажам ова, Везилка. Новата антена за вештачка интелигенција, со што ќе им се даде на новите компании пристап до ЕУ за тие да можат да го обучуваат нивниот модел за вештачка интелигенција по тој супер компјутер и да развиваат повеќе производи. Ова е одличен пример за интеграцијата и тоа е во сржта на нашата визија за проширувањето. Така доаѓам и до мојата трета порака. Се подготвувате, но се подготвуваме и ние, бидејќи проширувањето е секако двонасочен процес – рече Фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК рече дека земјите кандидати мора да бидат подготвени за да се приклучат, но и ние како европската како Европска Унија мора да бидеме подготвени да им посакаме добредојде.
И затоа го ја претставуваме нашата политика за претпристапување. Малку е сложено името, но тоа е нешто со што ги гледаме нашите институции, нашите политики, нашиот буџет, што треба да биде подобрено, што треба да се промени за да можеме да ги пречекаме земјите кандидати во ЕУ. Сакаме да се осигуриме дека нашата Европска Унија е подготвена да стане поголема и да видиме како подобро да го заштитиме она што лежи во сржта на ЕУ, а тоа се демократските вредности и владеењето на правото. Драг Христијан, утрово дискутиравме интензивно за сите различни елементи на економската ситуација на Македонија. Нема да навлегувам во детали, но може да видите дека ова дека ова е еден нов момент во регионот и Европа ќе остане покрај вас затоа што ние сакаме да ги внесеме луѓето на Македонија во ЕУ. Ова е нешто за што сме решени. Ви благодарам за соработката и ви благодарам на вниманието. претставници на медиумите – нагласи претседателката на ЕК.

Македонски


