Skip to main content

На Фон дер Лајен не и се слуша за ЕУ посредништво во билатералниот спор со Бугарија

На денешната средба со претседалката на Европската комисија, премиерот Мицкоски уште еднаш побара ЕУ да се вклучи во преговорите за билатералниот спор со Бугарија. Фон дер Лајен пак вешто го одбегна ова прашање и најави средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија следната недела во Софија.

Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со взаемно почитување. Исто така, на денешната средба зборувавме, и јас тоа го напоменав, дека очекуваме да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да зазема страна. Бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната без простор за нови толкувања или дополнителни барања – рече Мицкоски.

Претставничката на ЕУ пак рече дека се заложила на што почести средби меѓу двете страни за стекнување на доверба.

 Можам да го потврдам она што го кажа премиерот дека се договоривме да имаме еден прв чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот и всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Она што ќе се случува следната недела е ревидирањето на целот тој процес на пристапување – рече таа.

Поврзани вести