
Зорица беше избезумена. Јас немам Фејсбук или друга социјална мрежа освен на Дискорд. Се трудевме да глумиме смиреност заради Миња, го продолжи своето сведочење Александар Ѓорчевски.
Зорица на Фејсбук доби порака дека Вања е на Косово. Се нудеа и јасновидци кои бараа облека од Вања. Лудница.
За станот
Договорот за станот беше од формален карактер за да можам да ја добијам наемнината од станот. Требаше да направам трансформација од бебисистер во татко. Дете на разведени родители сум и знам колку децата ги боли разводот. Зорица е питома и разбрана жена и решивме да го одложиме разводот за да ги подготвиме децата. Живееме под ист кров. Мене ми беше ветено кога сакам да се вратам на работа. Станот беше празен по смртта на родителите на Зорица. Сè ја потсетуваше на нив. Имав голема заштеда и помош од моите родители, но и од родителите на Зорица додека беа живи. Решивме да го издадеме станот. Прашав колкава плата би добивал во Фершпед. Ми рекоа 18.000 денари. Зборувавме и за децата една недела да бидат кај неа една кај мене. Се договоривме парите од киријата да ги земам јас за да имаме приближно исти примања. Станот на Наум Наумовски и на Партизанска се договаравме да припаднат на ќерките. Со цел да можам да раслолагам со станот и за издавањето решивме да го префриле на мое име. Зорица не беше многу заинтересирана за такви административни работи. Од тие причини, со адвокатски договор го префрливме станот на мое име. Тоа беше причината што станот се префрли на мое име во 2016 год. Станот се издаде и трудот се исплатеше и од јануари 2019 година станот го издадовме за 385 евра и плус сметките. Кон крајот на 2022 година кираџијатаца најави дека ќе си замине. Девојчињата растеа и секоја сакаше да има своја соба. Станот имаше огромна соба со можност да се подели на две. Зорица тогаш рече таа ќе инвестира и да го префрлам на нејзино име. Јас ѝ предложив да го пренеам на децата во вид на дар. Предложив и станот каде што живеам сега да го префлам на едно од децата. Така и направивме. Миња го избра станот на Наум Наумовски Борче, а Вања рече дека сака да живее на Партизанска. Ја презедов обврската да го спроведам договореното. Го поднесов договорот до Град Скопје да се ослободи од данок. Ги обезбедив имотните листови. Требаше уште потпис од нотар. Адвокатот што ни го подготви договорот инсисираше на негов нотар. Ја прашав дали мора да одиме баш кај тој нотар. Решивме тоа да го направиме тоа во блиска иднина кај било кој нотар. Нашла некој нотар во Капиштец. Фатија летни одмори, Вања отиде на одмор од училиште, Зорица не беше притисната временски кога треба да се всели и го подзаборавивме договорот. Откако се вселија на Зорица и требаше да смени лична карта заради паркинг место. Си дадов рок за префлање на становите да биде декември кога требаше да се плати данок.
За родителската вибер група
Ја следев групата, но безв преокуиран со снимките од камерите. Претежно Зорица одговараше во групата, а јас ја следев комуникацијата. Имам пратено и избришана порака затоа што беше навредилива за полицијата дека инсистираат дека Вања сама побегнала. Беше прашање од мајка на другарка на Вања. Ми стана јасно дека полицијата се сомнева во мене, зошто сме ситуирани и зошто Зорица ми го префлила станот. Не ми е јасно на што алудираше инспекторот но таа група се уште постои. Ако пораката била со содржина каква што прејудицираше инсекторот ќе имаше лавина коментари. Сфатив дека полицијата повеќе ги интересираат становите отколку што ја бараат Вања.
Барав помош од американската амбасада, Кфор, Интерпол,МНР…
Во еден момент ми текна дека тие што ја киднапираат Вања во еден момемт ќе го уклучат и ќе ја видат пораката што ја пратив кај Вања.
„Сè што ќе побараат ќе направиме. Oд родителите“, гласеше пораката што ја испратив од бројот на Вања.
Кога збориуваше За Гоце Трајковски, Александар се расплака.