Skip to main content

Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти

Вчера околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко.

Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести