Skip to main content

Приведен кавадарчанец- физички нападнал сограѓанин и го удирал со пиштол по глава

На 13.01.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.

С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.