Skip to main content

Пожарникар со итна помош пренесен во болница по интервенција на пожар

Немало пожари на отворено во последното деноноќие, освен интервенцијата за догасување на градската депонија кај Демир Хисар, а пожарникарите паралелно гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

При интервенција во населено место на еден од велешките пожарникари му се слошило по што е згрижен со итна медицинска помош.

Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес, дека од 20.52 до 22.45 часот, со 2 ПП возила и 6 пожарникари интервенирале на запалена штала и дел од кров во с. Башино Село. При интервенцијата на еден од пожарникарите му се слошило за што е однесен со итна медицинска помош на Општа болница во Велес, соопштија од ЦУК.

Поврзани вести