
Пожар избувнал попладнево на Скопска Црна Гора над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над овие две села.
– Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации, информираа од ЦУК.
На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Македонски






