Skip to main content

Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населенето место

Фрипик

Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското село Јосифово. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија. Според информациите на ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот, се наведува во информацијата од ЦУК.

Поврзани вести