Skip to main content

Поранешниот спортски директор на фудбалската репрезентација Дени Масев осуден на четири години затвор

Фејсбук профил на Дени Масев

Поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентацијата Дени Масев е осуден на четири години затвор откако призна вина за случајот набавка и продажба на дрога, во која првоосомничен е Раде Трајковски – Штекли.

Масев вчера заедно со уште тројца обвинети признаа вина.

Инаку Масев, до почетокот на оваа година беше спортски директор во репрезентацијата. Тој беше разрешен веднаш по отворањето процес против него.

Масев своевремено беше и член на фудбалската федерација на Македонија.

Поврзани вести