![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/f9176e3e-0d23-499d-bd69-3003666c6402-585x418-1.jpeg)
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, денеска беше спроведен пред суд со лисици на рацете, што може да се види од видеото што го објави ТВ Алфа.
Стефанов е осомничен во случајот „Адитив“ во кој се вклучени 23 лица, од кои голем дел поранешни функционери на ЕСМ,односно на РЕК Битола и РЕК ОСломеј.
Стефанов се врати во земјата од странство по објавувањето на информацијата и беше спроведен на граничниот премин Табановце.
Неговиот претходник во ЕСМ, Васко Ковачевски, е недостапен за органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство.