Skip to main content

Полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата

Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата.

Како што неофицијално дознаваме, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.

Целта на оваа акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин.

Меѓу приведените, неофицијално се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.

Поврзани вести