По кратко боледување, на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше познат по својата посветеност на новинарството, особено во областа на надворешната политика.
Во својата кариера, која ја градеше во информативната редакција на Канал 5 каде како уредник остави значаен белег со своето известување и аналитички пристап. Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг индустријата, работејќи во секторите за односи со јавност.
Колегите ќе го паметат како исклучително професионален новинар, посветен на својата работа, но и како голем другар. Потекнуваше од новинарско семејство, а неговата страст кон медиумите и комуникацијата беше препознатлива во секој негов професионален ангажман.
Зад себе остави сопруга и два сина.