
Лекарите од судска медицина ќе треба да утврдат од што починал млад скопјанец кој во бессознание бил донесен на скопските клиники.
Како што соопшти МВР, вчера во 16:54 часот во Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Ф.Р.(35) од Скопје, кој набргу починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јaвен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонски


