
Министерството за здравство во врска со случајот со починатата 29-годишна пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово иницира инспекциски надзор до ДСЗИ.
Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.
Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба.