Skip to main content

Пијан кавадарчанец предизвикал сообраќајка

МВР архива

Вчеравечер во 21.20 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци.

Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести