Skip to main content

Петмина повредени во верижниот судир кај Влајко, еден возач избегал

Printskrin/Netpres

Вчера околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, во близина на мост „Влајко“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(46) од Скопје и патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р.(20) од с.Сингелиќ и Ј.А.(20) од с.Батинци, скопско, возачот Д.С. и сопатникот во патничкото возило „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести