
Никогаш не сум го управувал “цитроенот”, тврди Љупчо Палевски. Тој вели дека нигогаш не се земени траги од возилото од месноста “Дупки”..
Тоа е запалени и веќе нема пневматици и траги од возилото има само од пред куќата на Панче од каде што обвинетите го зеле, вели Палевски.
Изјавите на Кешишев се измислени за потребите на оваа истрага, тврди Палевски на денешното рочиште. Тој го посоочи инспекторот Дејан Димовски кој наводно барал копиите од сведочењето првин да му се достават нему.
Оваа истрага е во Гвантанамо стил и рекла казала муабети ОЈО е ставено пред свршен чин да брани нешто што не се брани поради Дејан Димовски. Пршањето дали е убиено или киднапирано девојчето ќе остане неодговорено благодарение на Дејан Димовски, изјави Палевски.
За убиството во Велес
Не сум никогаш во местото Рудник ниту сум го убиил Панче Жежовски. Тој не е убиен на 22 ноеември. Веројатно тој е убиен на 24 ноември, но докази немам бидејќи сум во притвор, изјави пред судот Палевски.
За ВД-40
Не сум набавувал ВД-40. Судот утврди кој купувал и пронајдена е фискална сметка од Велибор Манев. Прашање е како оваа сметка дошла до судијата а не е доставена како доказ во обвинението.
Чаура на која има идентификациски трага како и отисок од ударна игла.
За 27 ноември
Околу 8 и 30 часот се разбудив бидејќи беше ладно. Ми пристигнаа информации за ирански пари и ги ставив на “клауд”. Пратив налог на Зоран Петковски да извадат информации за набавка на ирански дронови. Парите за набавка на овие дронови се замрзнати. Пиев кафе, читав вести и после 10 часот се упатив кон Халк Банка во Буњаковец. Имаше гужва и се сретнав со стар познаник, Мартин Панчевски. Фиатот добло го паркирав на паркингот на Бит Пазар и барав греач но не најдов и се вратив во партијата. Си легнав ококу полноќ, го опиша денот Палевски.
За грабнувањето на Вања
Мајката на девојчето беше прашана дали била уценувана таа или некој друг член на семејството. После една и пол година притвор не можам да поверувам колку се наивни и ја лажат јавноста брифирани од Гаврил Бубевски. Класичен криминален ум ако е во релација со таткото кој веќе го поседува станот во зградата “Фонтана” и е законски наследник, криминалниит ум би ја убил Зорица а не Вања Ѓорчевска. Овој нелогичен мотив е полн со нелогичноста, од убиството до закопувањето на детето – вели Палевски.