
Сите мои досегашни пресуди се условни и не се поврзани со насилство, рече Љупчо Палевски – Палчно, првоосомничен за убиствата н аВања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговарајќи на прашањето на обвинителката Жаклина Јософовска за неговите поранешни приведувања и држење во притвор во Македонија, но и во Хрватска.
Осуден сум за престретнување и снимање на телефонски комуникации без разлика што колегата од Прилеп барал условна казна. Оваа пресуда е донесена додека бев во притвор во Скопје.. Сите дела имаат вредност од 4000 евра неплатени фактури. Јас сум политички противник и лош сведок на ЈО. Снимените разговори ниту еднаш не беа злоупотребени. Но, пред референдумот 2017 година бев следен и сликан. Во документите на УБК беше напишано дека јас сум подготвувал атентат на тогашниот премиер Заев, рече Палевски пред судот.
Во Основен Кривичен суд Скопје судењето на убиствата продолжува со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.