Skip to main content
Сведочи Велибор Манев

Откако го убил, Палчо го турнал Панче Жежовски во дупката

Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо и Кешишев, раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје.

Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на Макпетрол на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ставивме кај мене во гаража. Следниот ден ги ставивме во Кангуто и отидовме сите четворица пред куќата на Панче. Од мојата до куќата на Панче има околу 600 метри. Првата вечер само гледавме и се вративме пешки до кај мене дома.

Следното утро пак се собрале

Истата екипа се собрале следното утро со себе имале и Мотороли

Јас, Боре и Палчо имале радио станици. Тројцата тргнавме пешки кон куќата на Панче, Кешишев со Кангуто на паркингот кај пругата. Беше пред зора. Не видов дека некој носи пиштол во тој момент. Чекавме до кај 7 и 20 часот. Тогаш Панче рече дека од чекање нема фајде и му рече на Боре да чукне на врата кај Панче. Откако го грабнавме го ставивме во неговата кола. Церада која ја носевме требаше да биде спуштена во дупката. Заминавме кон местото. Цитроенот го возев јас. Кога стигнавме, го однесовме Панче до отворот за да го спуштиме. Како што беше легнат Палчо му испука куршум. Да видов немаше да бидам тука. Од шокот дишев длабоко да не експлодирам а Палевски го турна во дупката. Дупката ја наполнивме со земја еден потоа, пред грабнувањето на наводната жена. Мобилниот од Панче го фрли во долот каде што растат капини. На враќање јас го возев неговиот Цитроен кон Скопје. Го оставивме кај пругата во близина на Кванташки, раскажа Манев.

Поврзани вести