Skip to main content

Опожарено возило во Аеродром, повредени нема

Фото: архива

На 09.11.2025 во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.