Skip to main content

ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец

Основното јавно обвинителство Куманово ги чека извештаите од извршените контроли од официјалните институции за случајот со починатиот млад кумановец Велат Адеми, соопшти денеска државното Јавно обвинителство. Оттаму наведуваат дека веднаш е наредена обдукција на починатиот кумановец.

ОЈО Куманово веднаш нареди обдукција, а се обезбедуваат и извештаите од извршените контроли. Од кумановското обвинителство денеска информираа дека го чекаат обдукцискот наод и извештаите од надлежните од Министерството за здравство.

Од ОЈО Куманово кажаа дека се преземаат и по добивањето на извешатите ќе се преземат сите мерки за расчистување на случајот, со разговори со медицинскиот персонал.

Министерот за здравство Арбен Таравари завчера по посетата на семејството на младиот кумановец кој почина по примена терапија, во изјава за медиуми информираше дека го разрешува д-р Стефан Трајановски, укажувајќи дека ДЗСИ констатирала неправилности во болницата за што е разрешен Трајановски, а најави и дополнително испитување од официјалната комисија за утврдување на лекарска грешка.

Од вчера, за нов директор на кумановската болница е Сашо Стошевски.

Поврзани вести