Skip to main content

Обвинетата Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”

Обвинетата докторка Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”, доколку во наредните пет години не го повтори делото.

Таа призна вина на судското рочиште кое се одржа на почетокот на септември. Со тоа прстот го впери кон поранешниот директор Нино Васев.

Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.

Докторката се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин и поради тоа признава вина што токму тоа го дозволила.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Поврзани вести