Skip to main content

Ноќва уапсен пијан возач во Гостивар

Ноќва во 01.10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од с.Долна Бањица, гостиварско. При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода”со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти МВР.

Поврзани вести