Неофицијално дознаваме дека Финансиската полиција го уапсила Пеце Мирчески, поранешен директор на СОЗР (Служба за заеднички и општи работи на Владата) во време на владеењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Дознаваме дека се вршат претреси во неговиот дом во Скопје во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.
На оваа челна позиција во СОЗР беше од самиот почеток на владеењето на Заев, од јуни 2017-та година, кога доаѓа на местото на неговиот претходник Васе Доневски.
Се уште нема официјална потврда од МВР и Финансиска полиција за апсењето на Мирчески.