
Првобвинетиот Љупчо Палевски за снимката која е направена во домот на Велибор Манев, а за која обвинителството тврди дека е направена непосредно пред грабнувањето на Жежовски, тврди дека е лажна и монтирана и е склоп од повеќе снимки кои ништо не докажуваат.
-На нив нема WD 40, нема цирада, нема телефон Хонор. Обвинителството сака оваа снимка да стане доказ само врз основа на исказ на двајца обвинети – изјави Палевски пред судот.
Палчо тврди дека во критичната вечер тој полнел гориво на бениската пумпа на “Макпетрол” кај Ист Гејт и оти платил со неговата кредитна картичка.
Во однос на еден од обвинетите, Кешишев, Палевски тврди дека е изненаден од фактот дека ги прислушкувал сите негови разговори.
Кешишев живееше во кујната и таму работеше. Имавме и оперативна канцеларија за состаноци. Таму ја пишував кривична за Зоран Зоран и Оливер Спасовски за продажба на Чебрен и Галишта пишувана на 22.11 2023 токму во таа канцеларија. Живеел на гориниот спрат каде имав сцена за поткасти. Кешишев ги прислушкувал сите мои разговори што ме изненади. Мојот разговор со брат ми дека сакам нешто да градам во месноста “Дупки”. Брат ми инсистираше да градам мала викендица на плац кој е негова сопственост за да си бидеме близу, објасни Палевски.
Тој праша како е можно неговата мајка да вртела на бројот на Вања и од каде таа би го знаела бројот на девојчето.
-Целта не беше да се компромитирам јас туку и мојата мајка и да се посочи како соучесник.