
На 24.10.2023 во 23.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(43) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „АПСИ“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.