Skip to main content

МВР заплени поголема количина на дрога, најголема заплена на кокаин во Македонија после случајот Чочоровска

МВР во текот на вчерашниот ден запленила поголема количина на дрога. Според информациите до кои дојде „Република“, ова е најголема заплена на кокаин после случајот Чочоровска.

-Вчера запленивме поголема количина на кокаин, после случајот Чочоровска ова е најголема заплена на кокаин во Македонија, велат од МВР.

Станислава Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Поврзани вести