
МВР излезе со детали по синоќешната сообраќајка на магистралниот пат Градско-Прилеп, во која две лица го загубија животот.
На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко – велат од МВР.
Тие додаваат дека лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Македонски






