
С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат неговиот вујко.
С.Р. пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Македонски



