Skip to main content

Млада велешанка фрлала тврди предмети во близина на дете, оштетила неколку возила

На 14.02.2025 во 12:45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Ф.С.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека кон дворот на 48-годишната О.Т. од Велес, каде во моментот се наоѓала малолетната ќерка на О.Т., фрлала тврди предмети, при што оштетила неколку возила што биле паркирани на улицата пред нивниот дом.

Ф.С. била задржана во полициска станица, а потоа по наредба од јавен обвинител спроведена во Основното јавно обвинителство Велес.

По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, Ф.С. била спроведена во Казнено поправна установа Затвор Скопје.

Поврзани вести