
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, на првиот работен од Новата година, оствари работни посети на полицискиот објект на планинскиот врв Солунска Глава, Главниот оперативен штаб на полицијата и Полициската станица Центар.
-Во разговорот со полициските службеници на Солунска Глава беа потврдени високата професионалност и посветеноста во извршувањето на службените задачи и одржување на телекомуникациските системи на МВР во функција со основна цел гаранција на безбедноста на мирот и безбедноста на секој граѓанин во државата, соопшти МВР.
На посетата во Главниот оперативен штаб на полицијата министерот Тошковски, се наведува во соопштението, беше запознаен со севкупните настани и активности кои полицијата ги презема во одржување на безбедноста, „со заклучок дека новогодишната ноќ во најголем дел помина безбедно“.

Македонски






